азна
Архаизам.
Значење на азна:
1. Благајна, ризница. Целата царска азна да ја испразниш.
2. Богатство, благо. Многу вреќи азно.
Множина: азна, азни.
Алтернативно: азно
Фразеолошки израз / поговорка:
Озгора мазно, оздола азно – прикриени нешта.
Оригинални податоци:
азна, мн. азни ж. и азно, мн. азна ср. (арх.) 1. Благајна, ризница. Целата царска азна да ја испразниш. 2. Богатство, благо. Многу вреќи азно. ◊ Озгора мазно, оздола азно – прикриени нешта.