баба 1
Значење на баба:
1. Мајка на родител. Мојата баба.
2. Стара жена, старица. Баба Кумрија е најстара во селото.
3. Мајка на сопругата, тешта. Викнете ја бабата од зетот.
4. Сопруга на дедо. Со бабата некако си го живееме животот.
5. (само мн.) Последните три дена од месец март (стар стил). Нека поминат бабите, па ќе одиш разголена.
6. (прен.) Човек со слаба волја, нерешителен, неотпорен. Како баба си.
7. Дел од воденицата, дебело дрво што се наоѓа во водата под чаркот, со едниот крај прицврстено во ѕидот, а со другиот поврзано со лостот што го држи растојанието меѓу камењата; бапка.
Множина: баби.
Изведени зборови:
- бабетина, и. ж. 1. Пејор. 2. (прен.) Слабак.
- бабица, и. ж. мн. бабици; бабичка, мн. Бабички хип.
- бабиште, и. ср. пејор.
Фразеолошки израз / поговорка:
Село гори (се плени), баба се чешла – кога се случуваат важни работи, некој се занимава со небитни нешта, се однесува безгрижно. При многу баби, детето килаво излегува – се префрла работата од еден на друг, а никој не се зафаќа да ја сработи. Баба Марта – месец март.
Оригинални податоци:
баба1, мн. баби ж. 1. Мајка на родител. Мојата баба. 2. Стара жена, старица. Баба Кумрија е најстара во селото. 3. Мајка на сопругата, в. тешта. Викнете ја бабата од зетот. 4. Сопруга на дедо. Со бабата некако си го живееме животот. 5. (само мн.) Последните три дена од месец март (стар стил). Нека поминат бабите, па ќе одиш разголена. 6. (прен.) Човек со слаба волја, нерешителен, неотпорен. Како баба си. 7. Дел од воденицата, дебело дрво што се наоѓа во водата под чаркот, со едниот крај прицврстено во ѕидот, а со другиот поврзано со лостот што го држи растојанието меѓу камењата; в. бапка. ◊ Село гори (се плени), баба се чешла – кога се случуваат важни работи, некој се занимава со небитни нешта, се однесува безгрижно. При многу баби, детето килаво излегува – се префрла работата од еден на друг, а никој не се зафаќа да ја сработи. Баба Марта – месец март. ‖ бабица, мн. бабици; бабичка, мн. Бабички ж. хип. ‖ бабиште, мн. бабишта ср. пејор. ‖ бабетина, мн. бабетини ж. 1. Пејор. 2. (прен.) Слабак.