бабува

Глагол, несвршен

Значење на бабува:

1. За бабица - се грижи за новороденото дете и за леунката. Сака-нејќе, се нафатила, ќе го бабува ова кучило. Свекрвата ја бабуваше невестата до три дена.

2. (прен.) Се грижи за болен. Ги бабувам дома, сите се болни.

Коњугација: бабуваат.

Изведени зборови:

  • бабување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

бабува, бабуваат несв. 1. За бабица - се грижи за новороденото дете и за леунката. Сака-нејќе, се нафатила, ќе го бабува ова кучило. Свекрвата ја бабуваше невестата до три дена. 2. (прен.) Се грижи за болен. Ги бабувам дома, сите се болни. ‖ глаг. им. бабување ср.