бачило

Именка, среден род

Значење на бачило:

1. Летна сточарска дрвена колиба или населба каде што во текот на летото сточарите го чуваат добитокот и подготвуваат млечни производи. Чорбаџиите се групираат по четворица и прават едно бачило. Имал стадо на бачило.

2. Бачување. По Ѓурѓовден, иде бачило, свети Никола летни, кога се креваат овците в планина.

Множина: бачила.

Изведени зборови:

  • бачилски, прид. бачилскиот Бачилски пес. Бачилска колиба. Бачилските овци.

Оригинални податоци:

бачило, мн. бачила ср. 1. Летна сточарска дрвена колиба или населба каде што во текот на летото сточарите го чуваат добитокот и подготвуваат млечни производи. Чорбаџиите се групираат по четворица и прават едно бачило. Имал стадо на бачило. 2. Бачување. По Ѓурѓовден, иде бачило, свети Никола летни, кога се креваат овците в планина. ‖ бачилски, бачилскиот прид. Бачилски пес. Бачилска колиба. Бачилските овци.