бадијала

Прилог

Разговорен збор, израз.

Значење на бадијала:

Често во состав: за бадијала. Бесплатно, под цена, залудно, напразно, попусто, без корист. Бадијала ги даде. Не давам пари бадијала. Зборува за бадијала. Цел ден чека за бадијала.

Фразеолошки израз / поговорка:

Бадијала го јаде лебот – е бескорисен. Бадијала работи – бадијала не седи.

Оригинални податоци:

бадијала (разг.) прил. Често во состав: за бадијала. Бесплатно, под цена, залудно, напразно, попусто, без корист. Бадијала ги даде. Не давам пари бадијала. Зборува за бадијала. Цел ден чека за бадијала. ◊ Бадијала го јаде лебот – е бескорисен. Бадијала работи – бадијала не седи.