бае
Зборот ретко се користи.
Значење на бае:
1. Шепоти таинствени зборови за лекување болен. Многу баби му баеја.
2. (прен.) Зборува многу, без потреба, повторува една иста работа. Не туку бај! Цел ден само баеш.
Коњугација: баат , баев , баеја , баел , баен , бај , бајаа , бајав , бајал , бајан, бајте .
Изведени зборови:
- баење, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Мижи (Асан) да ти баам – како одговор дека тоа што е кажано, што го кажал соговорникот не е за верување.
Оригинални податоци:
бае, баат; бај, бајте; баев, баеја; баел; баен; (ретко) бајав, бајаа; бајал; бајан несв. 1. Шепоти таинствени зборови за лекување болен. Многу баби му баеја. 2. (прен.) Зборува многу, без потреба, повторува една иста работа. Не туку бај! Цел ден само баеш. ‖ глаг. им. баење ср. ◊ Мижи (Асан) да ти баам – како одговор дека тоа што е кажано, што го кажал соговорникот не е за верување.