баханалија

Именка, женски род

Значење на баханалија:

1. Повеќедневни свечености и оргии во чест на Бах, богот на виното.

2. (прен.) Дива, развратна пијанка; бучна веселба, лумпување. Тоа беше младешка баханалија во чест на првата заработувачка.

Множина: баханалии.

Изведени зборови:

  • баханалиски, прид. баханалискиот Не верувам во ветроштиње, ни во добри или лоши самовили, ни во нивните баханалиски полноќни собири на распаќа.

Оригинални податоци:

баханалија, мн. баханалии ж. 1. Повеќедневни свечености и оргии во чест на Бах, богот на виното. 2. (прен.) Дива, развратна пијанка; бучна веселба, лумпување. Тоа беше младешка баханалија во чест на првата заработувачка. ‖ баханалиски, баханалискиот прид. Не верувам во ветроштиње, ни во добри или лоши самовили, ни во нивните баханалиски полноќни собири на распаќа.