бакар
Значење на бакар:
1. Само еднина. Хемиски елемент, метал со темноцрвена боја; симбол Cu. Мек бакар. Позеленет бакар. Не е од чисто злато, туку од бакар или од тенекија.
2. Збирна именка. Предмети, садови направени од бакар или обложени со бакар. Му го зеде бакарот, до последното котле.
Оригинални податоци:
бакар м. 1. (само едн.) Хемиски елемент, метал со темноцрвена боја; симбол Cu. Мек бакар. Позеленет бакар. Не е од чисто злато, туку од бакар или од тенекија. 2. зб. им. Предмети, садови направени од бакар или обложени со бакар. Му го зеде бакарот, до последното котле.