бакне
Значење на бакне:
Даде бакнеж некому во знак на љубов, почит; баци, целива. Го бакне на разделување. Ја бакна старски, во челото. Му бакна рака. Го бакна крстот.Коњугација: бакнаа , бакнав , бакнал , бакнат , бакнат , бакнете , бакни , (ќе) бакнеа , (ќе) бакнев , (ќе) бакнел.
Изведени зборови:
- бакнување, глаг. им. ср.
- се ~ бакне, Даде и прими бакнеж. Се бакна со секого.
- (се) бакнува, глаг. несв. (се) бакнуваат
Оригинални податоци:
бакне, бакнат; бакни, бакнете; бакнав, бакнаа; бакнал; бакнат; (ќе) бакнев, (ќе) бакнеа; (ќе) бакнел св. Даде бакнеж некому во знак на љубов, почит; баци, целива. Го бакне на разделување. Ја бакна старски, во челото. Му бакна рака. Го бакна крстот.● се ~ Даде и прими бакнеж. Се бакна со секого. ‖ (се) бакнува, (се) бакнуваат несв. ‖ глаг. им. бакнување ср.