балет

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на балет:

1. Уметнички танц придружен со музика што прикажува симболично различни чувства и страсти. Немаме класичен балет, но го имаме Тешкото.

2. Уметност на балетската игра.

3. Театарски ансамбл што изведува балет. Член на балетот при Македонскиот народен театар.

Изведени зборови:

  • балетски, прид. балетскиот Балетско училиште. Балетска уметност.

Оригинални податоци:

балет (само едн.) м. 1. Уметнички танц придружен со музика што прикажува симболично различни чувства и страсти. Немаме класичен балет, но го имаме Тешкото. 2. Уметност на балетската игра. 3. Театарски ансамбл што изведува балет. Член на балетот при Македонскиот народен театар. ‖ балетски, балетскиот прид. Балетско училиште. Балетска уметност.