балкон
Значење на балкон:
1. Издадена мала заградена тераса на куќата. Куќа со два балкона.
2. Издигнат и ограден дел над партерот во театар, киносала и сл. Почна полека да се искачува по скалите спрема балконот во театарот.
Множина: балкона, балкони.
Изведени зборови:
- балконски, прид. балконскиот Низ отворената балконска врата паѓаше светлина.
- балконче, и. ср. дем.
Оригинални податоци:
балкон, мн. балкони, избр. мн. балкона м. 1. Издадена мала заградена тераса на куќата. Куќа со два балкона. 2. Издигнат и ограден дел над партерот во театар, киносала и сл. Почна полека да се искачува по скалите спрема балконот во театарот. ‖ балконче, мн. балкончиња ср. дем. ‖ балконски, балконскиот прид. Низ отворената балконска врата паѓаше светлина.