балон 1
Значење на балон:
1. Шупливо, еластично, по форма елипсовидно, топчесто и сл. тело, исполнето со гас полесен од воздухот за да може да се крева, да се движи високо над земјата, служи за летање, посматрање, мерење и сл.; аеростат. Со балонов ќе одам на Марс.
2. Детска играчка од еластична материја што се дуе. Кловнот нудеше балони што ги дуваше.
3. Меур воопшто, што личи на балон.
Множина: балони.
Изведени зборови:
- балонски, прид. балонскиот
- балонче, и. ср. дем. Детското балонче пукна.
Фразеолошки израз / поговорка:
Пробен балон ‒ 1. Балон без посада, со инструменти и апарати, за научни испитување. 2. (прен.) Вест, глас или новинарски текст, објавена поради испитување на јавното расположение. Издишан балон ‒ неважен, спореден и сл.
Оригинални податоци:
балон1, мн. балони м. 1. Шупливо, еластично, по форма елипсовидно, топчесто и сл. тело, исполнето со гас полесен од воздухот за да може да се крева, да се движи високо над земјата, служи за летање, посматрање, мерење и сл.; аеростат. Со балонов ќе одам на Марс. 2. Детска играчка од еластична материја што се дуе. Кловнот нудеше балони што ги дуваше. 3. Меур воопшто, што личи на балон. ◊ Пробен балон ‒ 1. Балон без посада, со инструменти и апарати, за научни испитување. 2. (прен.) Вест, глас или новинарски текст, објавена поради испитување на јавното расположение. Издишан балон ‒ неважен, спореден и сл. ‖ балонче, мн. балончиња ср. дем. Детското балонче пукна. ‖ балонски, балонскиот прид.