банка

Именка, женски род

Значење на банка:

1. Установа за парично и кредитно работење. Парите ги чуваше во нашите банки. Се вработи во банката. Банките имаа многу пари и кредитираа насекаде.

2. Зграда во која е сместена установата за работа со парични средства на граѓаните и на правните субјекти.

3. (разг.) Пара со вредност од десет денари. Му даде осум банки. Му даваше по некоја банка.

4. (разг.) Вложените пари на сите играчи во едно делење на карти при коцкањето.

Множина: банки.

Оригинални податоци:

банка, мн. банки ж. 1. Установа за парично и кредитно работење. Парите ги чуваше во нашите банки. Се вработи во банката. Банките имаа многу пари и кредитираа насекаде. 2. Зграда во која е сместена установата за работа со парични средства на граѓаните и на правните субјекти. 3. (разг.) Пара со вредност од десет денари. Му даде осум банки. Му даваше по некоја банка. 4. (разг.) Вложените пари на сите играчи во едно делење на карти при коцкањето.