банкрот

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на банкрот:

1. Неспособност за плаќање; материјална пропаст на банка, на фирма. Неговата фирма доживеа банкрот.

2. (прен.) Тој што банкротирал материјално, пропаднат човек. Спомнатиот сега е банкрот и со таа не може да се помири.

Оригинални податоци:

банкрот (само едн.) м. 1. Неспособност за плаќање; материјална пропаст на банка, на фирма. Неговата фирма доживеа банкрот. 2. (прен.) Тој што банкротирал материјално, пропаднат човек. Спомнатиот сега е банкрот и со таа не може да се помири.