бапка

Именка, женски род

Значење на бапка:

1. Гуша. Пчелата има и една мала бапка, ќесе за собирање на нектарот. Мравите матицата ја хранат од содржината на бапката.

2. Подуен израсток, оток на оболено место, гуша.

3. Дел од воденицата, дебело дрво што се наоѓа во водата под чаркот, баба.

Множина: бапки.

Фразеолошки израз / поговорка:

Бапка да те набабри ‒ клетва.

Оригинални податоци:

бапка, мн. бапки ж. 1. Гуша. Пчелата има и една мала бапка, ќесе за собирање на нектарот. Мравите матицата ја хранат од содржината на бапката. 2. Подуен израсток, оток на оболено место, гуша. 3. Дел од воденицата, дебело дрво што се наоѓа во водата под чаркот, в. баба. ◊ Бапка да те набабри ‒ клетва.