бапне
Значење на бапне:
1. Падне со тресок, тресне; грубо удри со тресок. Бапна наземи шишенцето. Главечки бапна од колата.
2. Грубо фрли, тресне. Ги бапнаа дрвата врз разгорениот оган. Ја бапна во пепелта. Го бапна на земја.
3. Одеднаш влезе, одеднаш се појави. Бапна на сред црква. Во собата бапна висок старец.
Коњугација: бапнаа , бапнав , бапнал , бапнат , бапнат , бапнете , бапни , (ќе) бапнеа , (ќе) бапнев , (ќе) бапнел.
Изведени зборови:
- бапнува, глаг. повт. бапнуваат
- бапнување, глаг. им. ср.
- се ~ бапне, Се тресне, се удри; нагло легне, се фрли на нешто. Се бапнав во вратата. Се бапна на рогозината.
Оригинални податоци:
бапне, бапнат; бапни, бапнете; бапнав, бапнаа; бапнал; бапнат; (ќе) бапнев, (ќе) бапнеа; (ќе) бапнел св. 1. Падне со тресок, тресне; грубо удри со тресок. Бапна наземи шишенцето. Главечки бапна од колата. 2. Грубо фрли, тресне. Ги бапнаа дрвата врз разгорениот оган. Ја бапна во пепелта. Го бапна на земја. 3. Одеднаш влезе, одеднаш се појави. Бапна на сред црква. Во собата бапна висок старец. ● се ~ Се тресне, се удри; нагло легне, се фрли на нешто. Се бапнав во вратата. Се бапна на рогозината. ‖ бапнува, бапнуваат повт. ‖ глаг. им. бапнување ср.