бар
Значење на бар:
1. Ноќен локал со музика и забавна програма. Имаше голем бар, елегантно украсен со слики во масло, а црнечки оркестар свиреше секоја ноќ.
2. Бифе, мал локал во кој се служат пијалаци, најчесто стоејќи. Влегуваа во малите скромни барови колку да испијат по една кригла пиво.
3. Бифе (во креденец и сл.).
4. Единица за мерење воздушен притисок. Милибар.
Множина: бара, барови.
Изведени зборови:
- барски, прид. барскиот Барска танчарка.
Оригинални податоци:
бар, мн. барови, избр. мн. бара м. 1. Ноќен локал со музика и забавна програма. Имаше голем бар, елегантно украсен со слики во масло, а црнечки оркестар свиреше секоја ноќ. 2. Бифе, мал локал во кој се служат пијалаци, најчесто стоејќи. Влегуваа во малите скромни барови колку да испијат по една кригла пиво. 3. Бифе (во креденец и сл.). 4. Единица за мерење воздушен притисок. Милибар. ‖ барски, барскиот прид. Барска танчарка.