баритон

Именка, машки род

Значење на баритон:

1. Машки глас меѓу бас и тенор, длабок тенор или висок бас. Го чув пробивниот баритон на отецот. Зборуваше со длабок баритон.

2. Пејач со таков глас.

Множина: баритона, баритони.

Изведени зборови:

  • баритонски, прид. баритонскиот Баритонски глас. Баритонска мелодија.

Оригинални податоци:

баритон, мн. баритони, избр. мн. баритона м. 1. Машки глас меѓу бас и тенор, длабок тенор или висок бас. Го чув пробивниот баритон на отецот. Зборуваше со длабок баритон. 2. Пејач со таков глас. ‖ баритонски, баритонскиот прид. Баритонски глас. Баритонска мелодија.