барометар

Именка, машки род

Значење на барометар:

1. Направа за мерење на воздушниот притисок; со извесно приспособување може да ја мери и надморската височина.

2. (прен.) Тоа што служи за проценување на некоја ситуација како показател. Анкетите се барометар на јавното мислење. Пулсот е најдобар барометар за способноста на организмот.

Множина: барометри.

Изведени зборови:

  • барометарски, прид. барометарскиот Барометарска скала.

Оригинални податоци:

баромеар, мн. барометри м. 1. Направа за мерење на воздушниот притисок; со извесно приспособување може да ја мери и надморската височина. 2. (прен.) Тоа што служи за проценување на некоја ситуација како показател. Анкетите се барометар на јавното мислење. Пулсот е најдобар барометар за способноста на организмот. ‖ барометарски, барометарскиот прид. Барометарска скала.