бас 1

Именка, машки род

Музика.

Значење на бас:

1. Најдлабокиот машки глас. Војводата викна со дебелиот бас.

2. Пејач со таков глас.

3. Жичен или дувачки инструмент што дава длабоки тонови. Свиреше на лабавата жица на циганскиот бас. Ги слушаше познатите звуци на трубините басови.

Множина: баса, басови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Бас-гитара ‒ жичен музички инструмент, гитара со подлабоки тонови.

Оригинални податоци:

бас1, мн. басови, избр. мн. баса м. (муз.) 1. Најдлабокиот машки глас. Војводата викна со дебелиот бас. 2. Пејач со таков глас. 3. Жичен или дувачки инструмент што дава длабоки тонови. Свиреше на лабавата жица на циганскиот бас. Ги слушаше познатите звуци на трубините басови. ◊ Бас-гитара ‒ жичен музички инструмент, гитара со подлабоки тонови.