башчауш

Именка, машки род

Значење на башчауш:

Подофицер во отоманската војска. Башчаушот на заптиите беше страв и трепет за нарушителите на внатрешниот ред.

Множина: башчауши.

Оригинални податоци:

башчауш, мн. башчауши м. Подофицер во отоманската војска. Башчаушот на заптиите беше страв и трепет за нарушителите на внатрешниот ред.