башибозук

Именка, машки род

Значење на башибозук:

1. (истор.) Нередовна турска војска; недисциплинирана неуредна војска воопшто; припадник на таква војска. Аскерот и башибозукот го запалија целото село.

2. (прен.) Распуштено, разуздено, бесно однесување. Ова не личи на ништо, ова е вистински башибозук.

Множина: башибозуци.

Изведени зборови:

  • башибозучки, прид. башибозучкиот Башибозучка војска.

Оригинални податоци:

башибозук, мн. башибозуци м. 1. (истор.) Нередовна турска војска; недисциплинирана неуредна војска воопшто; припадник на таква војска. Аскерот и башибозукот го запалија целото село. 2. (прен.) Распуштено, разуздено, бесно однесување. Ова не личи на ништо, ова е вистински башибозук. ‖ башибозучки, башибозучкиот прид. Башибозучка војска.