баснословен
Значење на баснословен:
1. Измислен, необичен, фантастичен. Волшебниот роман, полн со баснословни авантури, настанал од вечерните приспивни приказни што ги измислил таткото за својот син.
2. Неверојатно голем, огромен. Памукот го продаде по баснословни цени.
Членувана форма: баснословниот.
Изведени зборови:
- баснословно, прил. Стана баснословно богат.
Оригинални податоци:
баснословен, баснословниот прид. 1. Измислен, необичен, фантастичен. Волшебниот роман, полн со баснословни авантури, настанал од вечерните приспивни приказни што ги измислил таткото за својот син. 2. Неверојатно голем, огромен. Памукот го продаде по баснословни цени. ‖ баснословно прил. Стана баснословно богат.