баждар

Именка, машки род

Значење на баждар:

1. Такса за тезга на пазар. Плати баждар.

2. (разг.) Службено лице што собира такса по тезгите. Има вработено десетина баждари во Скопски пазар.

3. Службено лице што има должност да контролира мери и тегови. Баждар ги баждари вагите.

4. (истор.) Тој што работи во баждарница, цариник. Стојат по двајца баждари.

5. (истор.) Такса за стока, обично за внесување в град на пазар; трошарина. Пред секој голем град земаат баждар.

Множина: баждари.

Оригинални податоци:

баждар, мн. баждари м. 1. Такса за тезга на пазар. Плати баждар. 2. (разг.) Службено лице што собира такса по тезгите. Има вработено десетина баждари во Скопски пазар. 3. Службено лице што има должност да контролира мери и тегови. Баждар ги баждари вагите. 4. (истор.) Тој што работи во баждарница, цариник. Стојат по двајца баждари. 5. (истор.) Такса за стока, обично за внесување в град на пазар; трошарина. Пред секој голем град земаат баждар.