баждари
Значење на баждари:
1. Проверува точност на мерите што се употребуваат во прометот, проверува исправност на инструментите со кои се мери. Еднаш годишно ги баждариме терезиите (вагите).
2. (разг.) Наплатува парична такса. Тој баждарел целиот свој живот.
3. Врши службено мерење на големината и на можната носивост на брод според определениот систем на мерење. Само таа организација ги баждари бродовите во Солунското пристаниште.
Коњугација: баждарат.
Изведени зборови:
- баждарење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
баждари, баждарат несв. 1. Проверува точност на мерите што се употребуваат во прометот, проверува исправност на инструментите со кои се мери. Еднаш годишно ги баждариме терезиите (вагите). 2. (разг.) Наплатува парична такса. Тој баждарел целиот свој живот. 3. Врши службено мерење на големината и на можната носивост на брод според определениот систем на мерење. Само таа организација ги баждари бродовите во Солунското пристаниште. ‖ глаг. им. баждарење ср.