бдение
Значење на бдение:
1. Ноќна служба во православната црква спроти големи празници. Клисарот повикува в црква на бдение пред Велигден. Се разретчија некако редовите жени на бдение тргнати.
2. Чување на покојник ноќе. Бдение крај мртовецот, ноќта спроти закопот е стар обичај. За време на бдението, Сенатот испрати делегација да ми изрази сочувство.
3. бдее; бдеење.
Множина: бденија.
Оригинални податоци:
бдение, мн. бденија ср. 1. Ноќна служба во православната црква спроти големи празници. Клисарот повикува в црква на бдение пред Велигден. Се разретчија некако редовите жени на бдение тргнати. 2. Чување на покојник ноќе. Бдение крај мртовецот, ноќта спроти закопот е стар обичај. За време на бдението, Сенатот испрати делегација да ми изрази сочувство. 3. в. бдее; бдеење.