беда

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на беда:

1. Немање доволно средства за живот; сиромаштија. Животот станал неснослив, поради социјалната беда. Притиснати од бедата, многумина заминувале на печалба.

2. Зло што може да го снајде човек, неволја, напаст, голема мака, несреќа. Тој можеше да ги вовлече во некоја беда. За нејзината беда и несреќа единствено сум виновен јас.

Оригинални податоци:

беда (само едн.) ж. 1. Немање доволно средства за живот; сиромаштија. Животот станал неснослив, поради социјалната беда. Притиснати од бедата, многумина заминувале на печалба. 2. Зло што може да го снајде човек, неволја, напаст, голема мака, несреќа. Тој можеше да ги вовлече во некоја беда. За нејзината беда и несреќа единствено сум виновен јас.