бедем
Значење на бедем:
1. Висок, дебел ѕид, насип околу тврдина, град и др. Од височините на бедемот стражарите гледале што се случува во дворот. На бедемот од пристаништето бранови се разбиваат со зовриена пена.
2. (прен.) Заштита, одбрана од нешто. Книгата е бедем од простотијата.
Множина: бедеми.
Оригинални податоци:
бедем, мн. бедеми м. 1. Висок, дебел ѕид, насип околу тврдина, град и др. Од височините на бедемот стражарите гледале што се случува во дворот. На бедемот од пристаништето бранови се разбиваат со зовриена пена. 2. (прен.) Заштита, одбрана од нешто. Книгата е бедем од простотијата.