беден

Придавка

Значење на беден:

1. Тој што нема доволно средства за живот; сиромав. Уште како дете татко ти мораше да печали за да ја издржува својата бедна мајка. Имаше во него место и за бедната питачка. Беше родена во бедно семејство.

2. Човек што го снашло зло, неволја, напаст, голема мака, несреќа. Па зарем ние можеме и смееме да умираме вака јадни, бедни, поразени? 3. (прен.) Оној што има недостаток од нешто, оскуден. Без памет и беден дух, чекам на секој чекор да се отвори друго подземје. Ќе молиме за работа некакви суртуци и бедни мрсулковци.

Членувана форма: бедниот.

Изведени зборови:

  • бедно, прил. Тие живееја бедно, но чесно. Изгледа бедно и грдо. Се чувствував многу бедно.
  • бедност, и. ж.
  • беднотија, и. ж.

Оригинални податоци:

беден, бедниот прид. 1. Тој што нема доволно средства за живот; сиромав. Уште како дете татко ти мораше да печали за да ја издржува својата бедна мајка. Имаше во него место и за бедната питачка. Беше родена во бедно семејство. 2. Човек што го снашло зло, неволја, напаст, голема мака, несреќа. Па зарем ние можеме и смееме да умираме вака јадни, бедни, поразени? 3. (прен.) Оној што има недостаток од нешто, оскуден. Без памет и беден дух, чекам на секој чекор да се отвори друго подземје. Ќе молиме за работа некакви суртуци и бедни мрсулковци. ‖ бедно прил. Тие живееја бедно, но чесно. Изгледа бедно и грдо. Се чувствував многу бедно. ‖ бедност ж. ‖ беднотија ж.