бедник

Именка, машки род

Значење на бедник:

1. Тој што е во немаштија, сиромав. Пред мене изигруваше милионер, а тој бил најобичен бедник.

2. Тој што е во неволја; маченик, несреќник. Беше бедник по смртта на жената и на децата, најбедното суштество на светов.

Множина: бедници.

Изведени зборови:

  • бедница, и. ж. бедници
  • беднички, прид. бедничкиот Доста е скромно сопчево, може да се рече бедничко. Беднички живот.

Оригинални податоци:

бедник, мн. бедници м. 1. Тој што е во немаштија, сиромав. Пред мене изигруваше милионер, а тој бил најобичен бедник. 2. Тој што е во неволја; маченик, несреќник. Беше бедник по смртта на жената и на децата, најбедното суштество на светов. ‖ бедница, бедници ж. ‖ беднички, бедничкиот прид. Доста е скромно сопчево, може да се рече бедничко. Беднички живот.