бега
Значење на бега:
1. Се оддалечува со трчање. Си удрил да бегаш надолу кон селото. Летна да бега дома.
2. Се истава, се губи, одбегнува. Не бега ни од друштво ни од разговор. Од злото бега. Се затвори во себеси, почна да бега од луѓето.
3. Напушта, заминува, си оди, се иселува; изостанува. Не бегам од оваа служба. Помислуваше да се спакува и да си бега дома. Бега од училиште. Бега од работа.
4. Без знаење на родителите се мажи, оди по момче без дозвола од родителите. По Илија да бегаш, а? Вечер ќе бегам бегалка.
5. (прен.) Брзо поминува, исчезнува. Водата бегаше, се губеше. Сини појасма дим од оџаците бегаа в небо.
Коњугација: бегаат.
Изведени зборови:
- бегање, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Бега како ѓавол од темјан ‒ стравува, се страни од нешто или од некого, не сака да сретне некого или да изврши нешто.
Оригинални податоци:
бега, бегаат несв. 1. Се оддалечува со трчање. Си удрил да бегаш надолу кон селото. Летна да бега дома. 2. Се истава, се губи, одбегнува. Не бега ни од друштво ни од разговор. Од злото бега. Се затвори во себеси, почна да бега од луѓето. 3. Напушта, заминува, си оди, се иселува; изостанува. Не бегам од оваа служба. Помислуваше да се спакува и да си бега дома. Бега од училиште. Бега од работа. 4. Без знаење на родителите се мажи, оди по момче без дозвола од родителите. По Илија да бегаш, а? Вечер ќе бегам бегалка. 5. (прен.) Брзо поминува, исчезнува. Водата бегаше, се губеше. Сини појасма дим од оџаците бегаа в небо. ◊ Бега како ѓавол од темјан ‒ стравува, се страни од нешто или од некого, не сака да сретне некого или да изврши нешто. ‖ глаг. им. бегање ср.