бегалец
Значење на бегалец:
1. Тој што избегал од местото каде што требало да биде, од своето живеалиште или од својата татковина, што го напуштил родниот крај, што отишол од родната земја. Стигна една композиција од дваесетина вагони со бегалци што се враќаа од Војводина. Дел од бегалците решиле да се вратат во родниот крај.
2. Човек што избегнал отслужување на воениот рок или што напуштил борба или воена служба; дезертер. Ќе го спроведат како воен бегалец. Војниците го гонеа бегалецот.
Множина: бегалци.
Изведени зборови:
- бегалски, прид. бегалскиот Бегалски логор. Ги посетил бегалските домови.
Оригинални податоци:
бегалец, мн. бегалци м. 1. Тој што избегал од местото каде што требало да биде, од своето живеалиште или од својата татковина, што го напуштил родниот крај, што отишол од родната земја. Стигна една композиција од дваесетина вагони со бегалци што се враќаа од Војводина. Дел од бегалците решиле да се вратат во родниот крај. 2. Човек што избегнал отслужување на воениот рок или што напуштил борба или воена служба; дезертер. Ќе го спроведат како воен бегалец. Војниците го гонеа бегалецот. ‖ бегалски, бегалскиот прид. Бегалски логор. Ги посетил бегалските домови.