беговски
Значење на беговски:
1. Што припаѓа на бег. Се шеташе низ беговскиот сарај. бегов.
2. Што се однесува на бег. Потекнуваше од некој стар, беговски сој.
Членувана форма: беговскиот.
Изведени зборови:
- беговски, прил. Бравите се испекоа и четниците се наручаа беговски.
Оригинални податоци:
беговски, беговскиот прид. 1. Што припаѓа на бег. Се шеташе низ беговскиот сарај. в. бегов. 2. Што се однесува на бег. Потекнуваше од некој стар, беговски сој. ‖ беговски прил. Бравите се испекоа и четниците се наручаа беговски.