бел

Придавка

Значење на бел:

1. Што има боја на снег, на млеко и сл.; спрот. црн. Бел гулаб. Бел коњ. Бел цвет. Бели лебеди. Бел мермер. Бело платно.

2. Што е со светла боја наспроти тоа што е темно. Бел леб. Бело грозје. Бело вино. Бело лице.

3. Што е побелен; сед. Бела брада. Бели мустаќи.

Членувана форма: белиот.

Изведени зборови:

  • беличок, прид. беличкиот дем. и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Бели пари за црни дни – пари заштедени, сочувани за тешки времиња. Со бел образ – чесен, морален. Ќе излезе на бело видело/бела виделина – ќе се разоткрие. Среде бел ден – дење, на дневна светлина. Не виде бел ден – се изнамачи, мачно го помина животот. Бела смрт - смрт од студ; смрт од дрога, од хероин. Бели стихови – стихови без рима. Бели ноќи – поларни ноќи. Бела недела – неделата пред поклади. Црно на бело – написмено, документ. За белото вели црно – голем инаетчија е.

Оригинални податоци:

бел, белиот прид. 1. Што има боја на снег, на млеко и сл.; спрот. црн. Бел гулаб. Бел коњ. Бел цвет. Бели лебеди. Бел мермер. Бело платно. 2. Што е со светла боја наспроти тоа што е темно. Бел леб. Бело грозје. Бело вино. Бело лице. 3. Што е побелен; сед. Бела брада. Бели мустаќи. ‖ беличок, беличкиот прид. дем. и хип. ◊ Бели пари за црни дни – пари заштедени, сочувани за тешки времиња. Со бел образ – чесен, морален. Ќе излезе на бело видело/бела виделина – ќе се разоткрие. Среде бел ден – дење, на дневна светлина. Не виде бел ден – се изнамачи, мачно го помина животот. Бела смрт - смрт од студ; смрт од дрога, од хероин. Бели стихови – стихови без рима. Бели ноќи – поларни ноќи. Бела недела – неделата пред поклади. Црно на бело – написмено, документ. За белото вели црно – голем инаетчија е.