белее

Глагол, несвршен

Значење на белее:

1. Обелува, губи од интензитетот на својата боја. Облеката белее на сонце. Од често перење алиштата белеат.

2. За коса – обелува, станува сед. На татко ти бавно му белееше косата. На човекот му белее косата од грижи.

3. Се покажува со својата белина. На врвот на планината белееше снег. Патот кон населбата белееше во тревата. На падините белееја стада овци.

Коњугација: белеав , белеаја , белеал , белеан, белеат , белеев , белееја , белеејќи , белеел , белеен , белеј , белејте .

Изведени зборови:

  • белеење, глаг. им. ср.
  • се ~ белее, Се одликува со бела боја, се покажува со својата белина; сп. белее 3. Куќите се белееја на ридот. Забите се белееја меѓу брадата и мустаќите.

Оригинални податоци:

белее, белеат; белеј, белејте; белеев, белееја; белеел; белеен; белеејќи; мин.св. белеав, белеаја; белеал; белеан несв. 1. Обелува, губи од интензитетот на својата боја. Облеката белее на сонце. Од често перење алиштата белеат. 2. За коса – обелува, станува сед. На татко ти бавно му белееше косата. На човекот му белее косата од грижи. 3. Се покажува со својата белина. На врвот на планината белееше снег. Патот кон населбата белееше во тревата. На падините белееја стада овци. ● се ~ Се одликува со бела боја, се покажува со својата белина; сп. белее 3. Куќите се белееја на ридот. Забите се белееја меѓу брадата и мустаќите. ‖ глаг. им. белеење ср.