бележи
Значење на бележи:
1. Става белег, ознака. Јагнињата ги бележат на Благовец. Говедата ги бележеа со усвитено железо. Тој го бележеше просторот до шумата.
2. Запишува. Студентот ги бележеше предавањата во тетратка. Новинарот ги бележеше заклучоците од седницата. Настаните на денот ги бележи во својот дневник. Ги бележи туѓите долгови на рабуш.
3. (прен.) (само во 3л.) Постига, покажува. Зголемувањето на цените на нафтените деривати бележи висок процент. Доларот бележи пад во однос на еврото. Женската ракометна репрезентација бележи само успеси и победи.
Коњугација: бележаа , бележан, бележат , бележеа , бележев , бележејќи , бележел , бележен , бележете , бележи , бележив , бележија и бележав , бележил и бележал .
Изведени зборови:
- бележење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
бележи, бележат; бележи, бележете; бележев, бележеа; бележел; бележен; бележејќи; бележив, бележија и бележав, бележаа; бележил и бележал; бележан св. и несв. 1. Става белег, ознака. Јагнињата ги бележат на Благовец. Говедата ги бележеа со усвитено железо. Тој го бележеше просторот до шумата. 2. Запишува. Студентот ги бележеше предавањата во тетратка. Новинарот ги бележеше заклучоците од седницата. Настаните на денот ги бележи во својот дневник. Ги бележи туѓите долгови на рабуш. 3. (прен.) (само во 3л.) Постига, покажува. Зголемувањето на цените на нафтените деривати бележи висок процент. Доларот бележи пад во однос на еврото. Женската ракометна репрезентација бележи само успеси и победи. ‖ глаг. им. бележење ср.