бели

Глагол, несвршен

Значење на бели:

1. Прави нешто да стане бело. Билјана платно белеше на Охридските извори. Фабриката ги бели платната со разни хемиски средства.

2. Мачка, премачкува со нешто бело. Таа си го бели лицето. Големата соба ја белиме пред секој Велигден.

3. Лупи, симнува кора. Прачките за плетење кошници дедо ми ги белеше со мало ноже.

Коњугација: белат.

Изведени зборови:

  • белење, глаг. им. ср.
  • се ~ бели, 1. Си го мачка лицето со белило. Се белеше со многу белило. 2. Станува бел. Платното се бели со белило.

Оригинални податоци:

бели, белат несв. 1. Прави нешто да стане бело. Билјана платно белеше на Охридските извори. Фабриката ги бели платната со разни хемиски средства. 2. Мачка, премачкува со нешто бело. Таа си го бели лицето. Големата соба ја белиме пред секој Велигден. 3. Лупи, симнува кора. Прачките за плетење кошници дедо ми ги белеше со мало ноже. ● се ~ 1. Си го мачка лицето со белило. Се белеше со многу белило. 2. Станува бел. Платното се бели со белило. ‖ глаг. им. белење ср.