белина
Значење на белина:
1. Обележје на тоа што е бело. Снежна белина. Женска белина. Белина на небото. Веќе ја немаше белината на ѕидовите. На исток се појавуваше белина.
2. Простор без печатен текст на страница од книга, весник и сл., маргина; проред. На белините отстрана имаше посебни забелешки. Ако се јавува белина, ќе го проредиш текстот. Тој остави белина за насловот.
Множина: белини.
Оригинални податоци:
белина, мн. белини ж. 1. Обележје на тоа што е бело. Снежна белина. Женска белина. Белина на небото. Веќе ја немаше белината на ѕидовите. На исток се појавуваше белина. 2. Простор без печатен текст на страница од книга, весник и сл., маргина; проред. На белините отстрана имаше посебни забелешки. Ако се јавува белина, ќе го проредиш текстот. Тој остави белина за насловот.