белоглав

Придавка

Значење на белоглав:

1. Што има бела, седа коса; белокос. Светлината паѓаше врз свенатото лице на белоглавиот старец.

2. Што има коса без пигмент. Пред куќата си играше со белоглавиот внук. Од грмушките истрча румено белоглаво детиште.

Членувана форма: белоглавиот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Белоглав орел – (зоол.) Голема граблива птица со кафеаво тело и со бела глава и опашка; Haliaeetus leucocephalus.

Оригинални податоци:

белоглав, белоглавиот прид. 1. Што има бела, седа коса; белокос. Светлината паѓаше врз свенатото лице на белоглавиот старец. 2. Што има коса без пигмент. Пред куќата си играше со белоглавиот внук. Од грмушките истрча румено белоглаво детиште. ◊ Белоглав орел – (зоол.) Голема граблива птица со кафеаво тело и со бела глава и опашка; Haliaeetus leucocephalus.