бенка

Именка, женски род

Значење на бенка:

1. Мало темно петно, пигментен израсток на кожата на човекот во големина на зрно леќа. Бенката под окото придонесуваше за убавината на нејзиното лице.

2. Пега. Од летното сонце му се појавија многу бенки на грбот.

3. Овца со црни петна по главата.

Множина: бенки.

Оригинални податоци:

бенка, мн. бенки ж. Мало темно петно, пигментен израсток на кожата на човекот во големина на зрно леќа. Бенката под окото придонесуваше за убавината на нејзиното лице. 2. Пега. Од летното сонце му се појавија многу бенки на грбот. 3. Овца со црни петна по главата.