берат
Историја.
Значење на берат:
1. Царско писмо, указ, повелба од султан со што се одредува некаква повластеност. Кадијата им нареди на сејмените да ги одврзат селаните за да собираат пари, зашто старите берати не важеа веќе. Македонскиот народ пролеа крв за да добие владички берат.
2. Писмена потврда за дипломатски престој во странство. Новиот везир не му даде берат и не му дозволи престој.
Множина: берати.
Оригинални податоци:
берат, мн. берати м. (истор.) 1. Царско писмо, указ, повелба од султан со што се одредува некаква повластеност. Кадијата им нареди на сејмените да ги одврзат селаните за да собираат пари, зашто старите берати не важеа веќе. Македонскиот народ пролеа крв за да добие владички берат. 2. Писмена потврда за дипломатски престој во странство. Новиот везир не му даде берат и не му дозволи престој.