берза

Именка, женски род

Економија.

Значење на берза:

Институција за организиран промет на хартии од вредност (акции и обврзници), пари и други услуги, според определени правила, обично преку посредници.

Множина: берзи.

Изведени зборови:

  • берзански, прид. берзанскиот

Фразеолошки израз / поговорка:

Берза на трудот – посредништво помеѓу понудата и побарувач-ката на работна сила. Црна берза – нелегална трговија, дејност што е надвор од редовниот промет со странска валута или нелегално тргување со недостапни производи.

Оригинални податоци:

берза, мн. берзи ж. (екон.) Институција за организиран промет на хартии од вредност (акции и обврзници), пари и други услуги, според определени правила, обично преку посредници. ◊ Берза на трудот – посредништво помеѓу понудата и побарувач-ката на работна сила. Црна берза – нелегална трговија, дејност што е надвор од редовниот промет со странска валута или нелегално тргување со недостапни производи. ‖ берзански, берзанскиот прид.