бес

Именка, машки род

Значење на бес:

1. Гнев, лутина, јарост. Ќерката се обидуваше да го совлада бесот. Бесот му ги грчеше усните.Се тресеше од бес. Лутината се издигна до убиствен бес.

2. (разг.) Беснило. Ќе нè вовлечат и нас во оган, бесот да ги фати! Бес да го подбеси! 3. Страст, помама. Јас не сум дојден од бес во Австралија. 4. Злодух, ѓавол. Тиранот го раѓа бесот. Кој бес те јавна и каков демон ти се нафрли, несреќнику? Крволочен бес.

Множина: бесови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Го истура/истури бесот – се нафрла/нафрли некому без некоја причина.

Оригинални податоци:

бес, мн. бесови м. 1. Гнев, лутина, јарост. Ќерката се обидуваше да го совлада бесот. Бесот му ги грчеше усните.Се тресеше од бес. Лутината се издигна до убиствен бес. 2. (разг.) Беснило. Ќе нè вовлечат и нас во оган, бесот да ги фати! Бес да го подбеси! 3. Страст, помама. Јас не сум дојден од бес во Австралија. 4. Злодух, ѓавол. Тиранот го раѓа бесот. Кој бес те јавна и каков демон ти се нафрли, несреќнику? Крволочен бес. ◊ Го истура/истури бесот – се нафрла/нафрли некому без некоја причина.