бесен

Придавка

Значење на бесен:

1. Што е болен од беснило. Кога кучето ќе го прогласат за бесно, секој ќе најде камен да фрли по него. Бесен коњ. Бесен волчјак. Бесни пци.

2. Гневен, разјарен. Почувствува бесен порив на лутина. Тогаш бев бесен поради уривањето на куќата. Се вратија дома бесни и посрамени.

3. (разг.) Развратен, распуштен, немирен. Бесни деца. Како и сите бесни жени и таа правеше што сакаше. Бесен човек е тоа и својата жена ќе ја испрати в гроб.

4. (прен.) Што пројавува голема сила, многу силен. Бесен виор. Бесен оган. Бесен студ.

Членувана форма: бесниот.

Изведени зборови:

  • бесно, прил. Рафал по рафал, тој бесно косеше со митралезот. Непријателот бесно напаѓаше.

Оригинални податоци:

бесен, бесниот прид. 1. Што е болен од беснило. Кога кучето ќе го прогласат за бесно, секој ќе најде камен да фрли по него. Бесен коњ. Бесен волчјак. Бесни пци. 2. Гневен, разјарен. Почувствува бесен порив на лутина. Тогаш бев бесен поради уривањето на куќата. Се вратија дома бесни и посрамени. 3. (разг.) Развратен, распуштен, немирен. Бесни деца. Како и сите бесни жени и таа правеше што сакаше. Бесен човек е тоа и својата жена ќе ја испрати в гроб. 4. (прен.) Што пројавува голема сила, многу силен. Бесен виор. Бесен оган. Бесен студ. ‖ бесно прил. Рафал по рафал, тој бесно косеше со митралезот. Непријателот бесно напаѓаше.