беснее

Глагол, несвршен

Значење на беснее:

1. Лудува, води распуштен, распашан живот. Детето беснееше од разгаленост. Младите беснееја до раните утрински часови. Луѓето се опиваат, беснеат, место достојно да го празнуваат сведенот.

2. Врши терор, погроми и сл. Аскерот беснеел по селата. Четниците беснееле со нож в рака.

3. (прен.) Се пројавува со сета своја силина. Виулицата беснее во планината. Беснеат бури. Војната беснееше по улиците на градот. Во минатото беснееле разни епидемии.

Коњугација: беснеаја , беснеал , беснеан, беснеат , беснеев , беснееја , беснееќи , беснеел , беснеен , беснеј , беснејте , мин.св. беснеав .

Изведени зборови:

  • беснеење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

беснее, беснеат; беснеј, беснејте; беснеев, беснееја; беснеел; беснеен; беснееќи; мин.св. беснеав, беснеаја; беснеал; беснеан несв. 1. Лудува, води распуштен, распашан живот. Детето беснееше од разгаленост. Младите беснееја до раните утрински часови. Луѓето се опиваат, беснеат, место достојно да го празнуваат сведенот. 2. Врши терор, погроми и сл. Аскерот беснеел по селата. Четниците беснееле со нож в рака. 3. (прен.) Се пројавува со сета своја силина. Виулицата беснее во планината. Беснеат бури. Војната беснееше по улиците на градот. Во минатото беснееле разни епидемии. ‖ глаг. им. беснеење ср.