беспокои
Значење на беспокои:
Предизвикува неспокој; Војната ги беспокоеше луѓето.Коњугација: беспокоев , беспокоеја , беспокоејќи, беспокоел , беспокој , беспокојат , беспокојте .
Изведени зборови:
- беспокоење, глаг. им. ср.
- се ~ беспокои, Се наоѓа во состојба на неспокој, се вознемирува. Човекот се беспокоеше од кошмарните соништа. Лавовите се беспокојат од змиите.
Оригинални податоци:
беспокои, беспокојат; беспокој, беспокојте; беспокоев, беспокоеја; беспокоел; беспокоејќи несв. Предизвикува неспокој; спрот. успокои. Војната ги беспокоеше луѓето. ● се ~ Се наоѓа во состојба на неспокој, се вознемирува. Човекот се беспокоеше од кошмарните соништа. Лавовите се беспокојат од змиите. ‖ глаг. им. беспокоење ср.