без

Претставка

Значење на без:

1. а) Отсуство, немање, недостиг, лишеност или изземање на нешто. Јадење без сол. Деца без родителска грижа. Куќа без стопан. Ќе одиме без тебе бидејќи си болен. б) Особина, карактеристика, квалификација. Човек без душа. Жена без морал. Воин без страв. в) Отсуство на мал дел од целина, мал недостиг. Помина месец без два дена. Часот е десет без една минута. г) Начинско значење. Работевме без волја. Одеше без починка. д) Условно значење. Без ука нема наука. Со такви луѓе тешко се комуницира без трпение. ѓ) Допусно значење. Го избрале за шеф без исполнување на конкурсните услови.

2. Во состав со за прави сложен сврзник во реченици со начинско значење (Помина покрај мене без да ме погледне), со условно значење (Без да се испотиш добро, нема да оздравиш) или со допусно значење (Петар со години високо котираше во партијата без да покаже некоја активност).

3. Во состав со и означува пренебрегнување на искуството, на недостигот или на лишеноста. И без твоја помош ќе се снајдам. Јунак и без оружје е јунак.

4. Со не добива значење на присуство, постоење или вклученост на нешто (во извесен степен или целосно). Го кажа тоа не без интерес / не без доза на иронија / не без страв.

Фразеолошки израз / поговорка:

Двајца без тројца ‒ малкумина, во мал број. Без да даде аман ‒ без знак за помош. Без арка ‒ без заштита. Бричи без брич ‒ многу студено време. Бунар без дно; Вреќа без газер / дно ‒ а) нешто што нема крај, што не може да се задоволи, б) расипник, растурач. Бунар без вода ‒ неплоден човек. Без време умре, без ден умре ‒ умре млад, прерано. Без три чисти во главата ‒ некој кому многу работи не му се јасни, кој не е многу паметен.

Оригинални податоци:

без предл. 1. а) Отсуство, немање, недостиг, лишеност или изземање на нешто. Јадење без сол. Деца без родителска грижа. Куќа без стопан. Ќе одиме без тебе бидејќи си болен. б) Особина, карактеристика, квалификација. Човек без душа. Жена без морал. Воин без страв. в) Отсуство на мал дел од целина, мал недостиг. Помина месец без два дена. Часот е десет без една минута. г) Начинско значење. Работевме без волја. Одеше без починка. д) Условно значење. Без ука нема наука. Со такви луѓе тешко се комуницира без трпение. ѓ) Допусно значење. Го избрале за шеф без исполнување на конкурсните услови. 2. Во состав со за прави сложен сврзник во реченици со начинско значење (Помина покрај мене без да ме погледне), со условно значење (Без да се испотиш добро, нема да оздравиш) или со допусно значење (Петар со години високо котираше во партијата без да покаже некоја активност). 3. Во состав со и означува пренебрегнување на искуството, на недостигот или на лишеноста. И без твоја помош ќе се снајдам. Јунак и без оружје е јунак. 4. Со не добива значење на присуство, постоење или вклученост на нешто (во извесен степен или целосно). Го кажа тоа не без интерес / не без доза на иронија / не без страв. ◊ Двајца без тројца ‒ малкумина, во мал број. Без да даде аман ‒ без знак за помош. Без арка ‒ без заштита. Бричи без брич ‒ многу студено време. Бунар без дно; Вреќа без газер / дно ‒ а) нешто што нема крај, што не може да се задоволи, б) расипник, растурач. Бунар без вода ‒ неплоден човек. Без време умре, без ден умре ‒ умре млад, прерано. Без три чисти во главата ‒ некој кому многу работи не му се јасни, кој не е многу паметен.