безобразен
Значење на безобразен:
1. Што е без образ, што не се срами од своите постапки, бесрамен, непристоен. Тој е безобразен. Нечесна и безобразна жена. Безобразни, невоспитани деца.
2. Безочен, дрзок, насилен. Безобразен однос. Безобразен лажго. Безобразна питачка.
Членувана форма: безобразниот.
Изведени зборови:
- безобразно, прил. Безобразно лаже.
- безобразност, и. ж.
Оригинални податоци:
безобразен, безобразниот прид. 1. Што е без образ, што не се срами од своите постапки, бесрамен, непристоен. Тој е безобразен. Нечесна и безобразна жена. Безобразни, невоспитани деца. 2. Безочен, дрзок, насилен. Безобразен однос. Безобразен лажго. Безобразна питачка. ‖ безобразно прил. Безобразно лаже. ‖ безобразност ж.