бичува

Глагол, несвршен

Значење на бичува:

1. Удира, тепа со бич. Бичува силно.

2. (прен.) Остро критикува. Тој ги бичува фанариотските црковни великодостојници. Сатирикот безмилосно ја бичува стварноста.

Коњугација: бичуваат.

Изведени зборови:

  • бичување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

бичува, бичуваат несв. 1. Удира, тепа со бич. Бичува силно. 2. (прен.) Остро критикува. Тој ги бичува фанариотските црковни великодостојници. Сатирикот безмилосно ја бичува стварноста. ‖ глаг. им. бичување ср.