бидува

Глагол, несвршен

Значење на бидува:

1. Во функција на спојка во именскиот прирок. Димитар бидува затворен и спроведен прво во Битола, а потоа во цариградската зандана. Тој бидува натоварен со таа задача.

2. (обично во 3 л.) Се случува, станува. Тоа така бидувало секогаш. Со плачење не бидува ништо. Радиото кажа дека вечерва ништо не бидува. Така бидува само во соништата. А поарно ли му бидува на човека од тоа?Сè бидува на овој век.

3. безл. Може, можно е. Никако не бидува да заборавиме дека литературниот јазик развива ред свои специфики. Не, така не бидува! Што не бидува, не бидува. Ќе биде – не бидува. Кој знае што бидува? 4. Станува. Кум бидувам, друго не. Шпион не бидувам. Полека внучко, тие работи не бидуваат така, веднаш.

4. безл. Има способност, способен е. За ништо не го бидува - ни за в село, ни за в град. Повеќе го бидува да дрдори. За сè те бидува. Ве бидува за пеење.

Коњугација: бидуваат.

Оригинални податоци:

бидува, бидуваат несв. 1. Во функција на спојка во именскиот прирок. Димитар бидува затворен и спроведен прво во Битола, а потоа во цариградската зандана. Тој бидува натоварен со таа задача. 2. (обично во 3 л.) Се случува, станува. Тоа така бидувало секогаш. Со плачење не бидува ништо. Радиото кажа дека вечерва ништо не бидува. Така бидува само во соништата. А поарно ли му бидува на човека од тоа?Сè бидува на овој век. 3. безл. Може, можно е. Никако не бидува да заборавиме дека литературниот јазик развива ред свои специфики. Не, така не бидува! Што не бидува, не бидува. Ќе биде – не бидува. Кој знае што бидува? 4. Станува. Кум бидувам, друго не. Шпион не бидувам. Полека внучко, тие работи не бидуваат така, веднаш. 5. безл. Има способност, способен е. За ништо не го бидува - ни за в село, ни за в град. Повеќе го бидува да дрдори. За сè те бидува. Ве бидува за пеење.